Top Sport

Елмас со асистенција, Руиз со фантастичен гол за Наполи

Наполи во 18. минута од мечот со Болоња дојде во водство со фантастичниот гол на Фабијан Руиз по асистенција на Елиф Елмас, откако македонскиот репрезентативец доби шанса да биде стартер од тренерот Лучано Спалети.

Со евентуална победа над Болоња, Наполи би се вратил на првото место во Серија А со 28 поени, колку што има Милан, но и со подобра гол-разлика.

Scroll to Top