Top Sport

Ем поразени, ем останаа без пици!

Фановите на бразилскиот тим Португуеса имаа необичен начин на протест на поразот на нивниот тим – крадејќи им ги пиците на своите играчи по натпреварот.

По 3:0 поразот од Есте во вторникот, Португуеса (попознати како Луса) се само 12. во А2 Паулиста дивизијата (втора лига по ранг), а лутите навивачи решија да се одмаздат на необичен начин. Тие го „начекаа“ момчето кое доставува пици, му платија 300 реали (околу 75 евра), и ги изедоа пиците додека играчите ги чекаа.

Дел од навивачите дури се пофалија преку Твитер и им порачаа на своите играчи.

„Ова беше премногу. Тие воопшто не играа и сега сакаат да јадат“, изјави еден навивач.

Сепак, од клубот ја сфатија ситуацијата сериозно и поднесоа официјална жалба до полицијата на Сао Пауло.

Scroll to Top