Поранешниот француски играч од средниот ред Емануел Пети вели дека добил понуда од Манчестер јунајтед и дека сега жали што пропуштил шанса да заигра под Сер Алекс Фергусон.
Наместо Јунајтед, Пети играше во двата најголеми ривали на Јунајтед во Премиер лигата во ерата на Фергусон, Арсенач и Челси во пет сезони во Англија. Иако ја освои двојната титула со Арсен Венгер и Арсенал во 1998 година, да беше во тимот на Фергусон ќе освоеше (многу) повеќе титули.
„Да, можев да играм за Манчестер јунајтед. Сега жалам што не го направив тоа бидејќи можев да играм со Гигс, Сколс и другите. Неверојатни играчи“, вели Пети.
Тој исто додава дека е „заљубен“ во Ливерпул, посебно во тренерот Јирген Клоп, а открива и кој му бил најтешкиуот ривал.
„Заљубен сум во Ливерпул, посебно сега. Го сакам Клоп и би сакал да имам шанса да играм под негово водство. Кој ми беше најголемиот противник во кариерата? Пол Сколс. Навистина неверојатен играч“, додава Пети.
Фото: ЕПА