Шпанскиот тренер Унаи Емери пред десет дена доби отказ во Арсенал, меѓутоа можно е тој експресно да се врати во Премиер лигата.
„Телеграф“, во понеделникот, објави дека челниците на Евертон стапиле во контакт со Емери и му го понудиле местото на кое седеше Марко Силва.
Португалецот, слично како и Емери во Арсенал, доби отказ поради лошите резултати.
Според овој извор Емери би потпишал договор до јуни 2021 година.