Top Sport

Емери ги брои последните денови во ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Унаи Емери, на прес конференција, потврдил дека заминува од „Паркот на принцовите“ по завршувањето на сезоната.

Шпанскиот стратег во редовите на францускиот шампион пристигна во летото 2016 година, откако со Севилја освои две титули во Лига Европа. Сепак, во ПСЖ, не успеа да ја оправда довербата, односно да постигне значаен резултат во Лигата на шампионите.

ПСЖ, чии сопственици, вложија многу пари во формирањето на тимот, во изминатите две сезони сезоната во Лигата на шампионите ја завршуваше во осмина-финалето, а минатата сезона ја испушти и шампионската титула во Франција.

Во кариерата Емери бил тренер и во Спартак Москва, Валенсија, Алемерија и Депортиво Лорка.

Scroll to Top