Top Sport

Емери: Мбапе ќе блесне на враќањето во Монако

Килијан Мбапе ќе биде посебно подготвен за посебната околност – враќањето кај поранешниот тим Монако во недела, вели тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери.

Тинејџерот минатата сезона имаше блескава сезона со тимот на Монако, постигнувајќи 26 гола во сите натпреварувања за тимот на Леонардо Жардим да стигне до титулата од Лига 1 пред „милијардерите“ од ПСЖ.

Но, оттогаш Бернардо Силва, Бенжамин Менди и Тиемуе Бакајоко заминаа за Премиер лигата, додека Мбапе официјално отиде како позајмен играч на „Паркот на принцовите“ со обврска ПСЖ да го купи за 180 милиони евра на крајот на сезоната.

„Мбапе се враќа во Монако првпат по доаѓањето и мислам дека нема да има ништо необично во тој натпревар. Знам дека тоа е посебен момент за него, но ќе игра со дресот на ПСЖ и ќе го брани 100 отсто“, вели Емери.

ПСЖ имаат можност да се зацврстат на првото место во Лига 1 на „Стад Луј Втори“ откако Монако одиграа само 1:1 со Амиен минатиот викенд и „светците“ отворија предност од шест поени.

„Мечот со Монако е голем меч. Речиси како дуел од Лигата на шампионите. Во француското првенство има одлични тимови и мораме да се подготвиме 100 отсто“, додав Емери.

 

Scroll to Top