Top Sport

Емери: Навивачите ме избркаа

Шпанскиот тренер Унаи Емери смета дека незадоволството на навивачите била причината поради која добил отказ во Арсенал.

Емери во Арсенал пристигна на местото на клупската легенда, Арсен Венгер, но не успеа да ги постигне очекуваните резултати.

Поради тоа во декември минатата година доби отказ, а на неговото место пристигна Микел Артета.

„Имаше неколку проблеми. Првиот е ситуацијата со Месут Езил и Сеад Колашинац, потоа проблемите со трансферот на Пепе…Не игравме добро, тоа е сигурно“, рекол Емери.

„Немавме добри резултати, не напредувавме, а навивачите се фокусираа на мене и ме избркаа. Сепак се обидувам да се сеќавам само на убавите работи. Грдите работи веќе ги заборавив“.

Арсенал во Премиер лигата се десетти на табелата, в недела ги очекува натпреварот со Барнли.

Scroll to Top