Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Унаи Емери, рекол дека не знае дали Нејмар и наредната сезона ќе игра на „Паркот на принцовите“.
Шпанските и француските медиуми веќе неколку недели пишуваат дека Бразилецот сака да ја напушти Франција и да се врати во Шпанија. Се шпекулира дека тое веќе им го соопштил на челниците на ПСЖ.
ПСЖ денес ќе игра против Рен во првенството на Франција, а на прес конференцијата што ја одржал тренерот Емери, кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, новинарите најмногу се интересирале за иднината на Нејмар.
„Не сум лицето што може да ви одговори на тоа прашање. Жала што моравте да дојдете од Шпанија само за да го поставите тоа прашање. Нема да одговорам, бидејќи не знам. Би требало да му се јавам на Нејмар да го прашам…“, рекол Емери.
Нејмар оваа недела се врати во Париз каде продолжува со процесот на рехабилитација по повредата на стапалото. Прогнозите се дека тој ќе настапи на Мундијалот во Русија.