Тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери застана во одбрана на својата ѕвезда Нејмар околу критиките за неговиот животен стил, откако бразилскиот репортер беше „уловен“ од британските таблоиди како се забавува во Лондон додека траеше интернационалната пауза.
Нејмар беше дел од бразилската селекција која одигра 0:0 со Англија на „Вембли“ минатиот вторник, по што беше на насловните страници на британските таблоиди по ноќните клубови во Лондон со актерката Деми Ловато. За Емери не е проблем што Нејмар останал до 6 часот наутро.
„Надвор од работата, од фудбалот, нормално, тој смее да ужива со своите пријатели. На тренинг е многу добар. Тој е млад и треба да излегува и да се забавува, но според тоа што јас го гледам тој е многу одговорен“, вели Емери.