Top Sport

Емери: Нејмар ќе биде во ПСЖ и следната сезона, јас можеби не

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери е сигурен дека бразилската мега-ѕвезда Нејмар ќе остане во клубот од „Паркот на принцовите“ и следната сезона, иако признава дека тој можеби нема да е тренер на клубот.

Околу Бразилецот постојано има шпекулации за наводен трансфер во Реал Мадрид во текот на летото и покрај тоа што ПСЖ платија рекордни 222 милиони евра минатото лето за да го донесат од Барселона минатото лето, и тој постигна 20 гола во 20 натпревари во Лига 1 пред да го скрши стапалото во март.

„Јас го гледам Нејмар во Париз следната сезона, бидејќи партнерството со ПСЖ ќе продолжи. Тој е среќен тука и нормално е дека другите тимови се заинтересирани. Зборував со него пред две-три недели и тој се опоравува добро и може да игра на некој натпревар пред крајот на сезоната“, вели Емери за „Кадена ЦОПЕ“.

Сепак, Емери вели дека неговото место во тимот не е толку сигурно, посебно по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Не се гледам во друг клуб, но не се гледам ниту во проектот на ПСЖ. Уште не сме ги почнале подготовките за следната сезона и мора да се анализираат работите, бидејќи Лигата на шампиони е небото на фудбалот. ПСЖ има намера да стигне до таму и да направи историја“, додава Емери.

Фото: ЕПА

Scroll to Top