Top Sport

Емери сака да го продаде Лаказет

Наследникот на Арсен Венгер во Арсенал, Унаи Емери, има намера да го продаде Александар Лаказет.

Англиските медиуми шпекулираат дека Шпанецот во нападот предност ќе му даде на Пјер-Емерик Обамејанг, а негова алтернатива ќе биде Дени Велбек.

Арсенал, минатото лето, плати 50 милиони евра за Лаказет, кој оваа сезона постигна 17 гола на 38 одиграни натпревари.

Ваквиот учинок не му беше доволен да избори место во француската репрезентација за Светското првенство во Русија.

Лаказет има договор со Арсенал до 2022 година, а наводно за неговите услуги е заинтересиран Фенербахче.

Scroll to Top