Top Sport

Емери: Венгер може да биде тренер на ПСЖ

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери вели дека Арсен Венгер, откако реши да замине од Арсенал по 22 години на чело на лондонскиот клуб, би можел да се врати во Франција и да ја преземе неговата работа.

Според повеќе извори, Венгер не планира да се повлече од фудбалот и бара брзо враќање во спортот, потенцијално како спортски директор на некој клуб (повторно ПСЖ се смета за прв фаворит). Емери, кој од друга страна е едно од имињата кои се поврзуваат со Арсенал, признава дека Венгер би бил добар на „Паркот на принцовите“.

„Тој е референца за сите тренери на светот и ни даде толку инспиративни моменти. Секоја година, десетина тренери се среќаваат во Нион и таму сите со нестрпливост го слушаа Венгер. Го почитувам како личност и како тренер и мислам дека има квалитет и искуство да биде тренер на најголемите клубови на светот, како ПСЖ“, вели Емери.

Scroll to Top