Top Sport

Енди Кол: Роналдо е неверојатен, но ист тип на фудбалер беше и Бекам

Манчестер јунајтед во својата историја имаше многу големи фудбалери, така што на поранешниот напаѓач Енди Кол не му беше лесно да ги избере најдобрите 11 според него, ставајќи се во дилема околу Кристијано Роналдо и Дејвид Бекам, според него двајцата најдобри фудбалери со кои играл.

„Кристијано беше неверојатен, но Бекам беше исто толку добар како него“, вели Кол, објаснувајќи зошто Бекам е во неговиот тим а не Роналдо

Бекам и Роналдо го направија името во Манчестер пред да заминат во Реал Мадрид, а потоа и двајцата играа во Италија (Бекам во Милан, Роналдо во Јувентус). Англичанецот имаше повеќе настапи за Јунајтед (265) од Роналдо (196), но Португалецот имаше повеќе голови (84) во споредба со Бекам (62).

Со 121 гол во 275 настапи, Кол не се постави во тимот, решавајќи во нападот да ги остави Ерик Кантона и Руд ван Нистелрој, и исто така не го избра Двајт Јорк, со кого беше вистински партнер во нападот.

„Тука е Ерик и затоа Јорки не може да добие место. Исто така знам дека Ники Бат ќе ми се налути, бидејќи и тој е на клупата заедно со Оле Гунар Солскјер и Пол Инс“, објаснува Кол.

НАЈДОБРИТЕ 11 НА „ЃАВОЛИТЕ“ СПОРЕД ЕНДИ КОЛ

Шмајхел, Г.Невил, Стам, Палистер, Ирвин, Бекам, Сколс, Кин, Гигс, Кантона, Ван Нистелрој

Scroll to Top