Селекторот на шпанската фудбалска селекција, Луис Енрике веќе го имаше составено поширокиот список со играчи на кои ќе сметаше на Европското првенство што летово требаше да се одржи. Сепак, се чини, одложувањето ќе му ги поремети плановите.
На списокот на Енрике, како што пишуваат шпанските медиуми, имало 36 имиња.
Кај голманите 3 опции – Де Хеа (Јунајтед), Аризабалага (Челси) и Лопез од Рома.
Во дефанзивниот ред – Навас (Севилја), Карвахал и Рамос (Реал Мадрид), Маринез, Њуњез и Алварез (Билбао), Торез и Албиол (Вилјареал), Љоренте (Сосиедад), Хермосо (Атлетико), Алба (Барселона) о Гаја (Валенсија).
Во средниот ред – Бускетс и Роберто (Барселона), Хернандес (Јунајтед), Мерино (Сосиедад), Кампања (Леванте), Саул (Атлетико), Алкантара (Баерн), Парехо (Валенсија), Руиз (Наполи), Себаљос (Арсенал), Канаљес (Бетис), Казорла (Вилјареал), Сусо (Севилја), Сарабија (ПСЖ) и Муниаин (Билбао).
Во нападот – Иско (Реал Мадрид), Ојарзабал (Сосиедад), Алкасер (Вилјареал), Морено (Валенсија), Мората (Атлетико) и Вилијамс (Билбао).
Шпанија на ЕП е во група со Швајцарија, Полска и со победникот од Лига нации Б.