Top Sport

Енрике: Повредата на Мбапе не е сериозна

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике вели дека воопшто не е загрижен за повредата на скочниот зглоб на Килијан Мбапе поради која Французинот беше повлечен од игра во првото полувреме од вчерашната 4:0 победа над Олимпик Марсеј.

Мбапе се повреди во дуелот со дефанзивецот на Олимпик, Леонардо Балерди, кога зглобо му се сврти по само седум минути игра во големото дерби. По тој старт беше досуден фаул, по кој Ашраф Хакими постигна гол, а по одредено време Мбапе се обиде да продолжи, но беше заменет од Гонсало Рамос во 31. минута, по што Португалецот постигна уште два гола во убедливата победа.

„Тоа беше само обичен удар. Тој се обиде да го поправи со копачката и да продолжи, но беше подобро да не ризикуваме. Не е ништо сериозно и тој бргу ќе биде назад во тимот“, вели Енрике.

Мбапе има осум гола во пет меча за ПСЖ пред дуелот со Марсеј.

Scroll to Top