Top Sport

Епската низа заврши – Ван Дајк конечно беше издриблан (видео)

Кога Габриел Жесус успеа да го издрибла бекот на Ливерпул, Виргил ван Дајк на „Вембли“ во мечот за Комјунити шилд титулата, заврши епската низа – Холанѓанецот претходно не беше издриблан во 65 меча, откако Микел Марино од Њукасл го помина во март 2018 година.

28-годишниот Ван Дајк не беше поминат од противничките напаѓачи во текот на целата сезона од Премиер лигата, за која се закити со наградата за најдобар фудбалер во текот на сезоната.

Сепак, Ван Дајк се „оправда“ со асистенција до Жоел Матип по која Ливерпул израмнија, иако подоцна го загубија мечот по изведувањето на пенали, откако Георгинио Вајналдум утна.

Scroll to Top