Top Sport

Ерера демантира дека го плукнал грбот на Сити (видео)

Шпанскиот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Андер Ерера демантираше дека намерно плукнал на грбот на клубот при заминувањето во соблекувалната на полувремето на дербито.

Ерера беше дел од составот на Јунајтед, кој направи пресврт од 0:2 на полувремето до 3:2 на крајот на мечот на „Етихад“ за да спречи Сити да ја освојат титулата, но реакции предизвика снимката од полувремето на мечот кога Ерера плука кон големиот грб на Сити на теренот.

„Андер ја виде снимката и е ужаснат од тврдењата дека тоа го направи намерно. Се работи за случајна работа без задна намера“, изјави портпаролот на Јунајтед.

Меѓутоа, според „Гардијан“, Сити не се задоволни од ова објаснување.

„Во Сити веруваат дека потегот е намерен, и доколку Фудбалската асоцијација (ФА) реши да не го казни, тогаш Сити ќе се реши за формална жалба до ФА“, велат од „Гардијан“.

Scroll to Top