Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард, изминатите денови со неколку различни автомобили доаѓал на клупските тренинзи, со што го привлекол медиумското внимание.
Лингард неодамна потпиша нов договор со Манчестер јунајтед и решил да се почести со неколку автомобили, на кој потрошил 600.000 фунти.
Фудбалерот на „црвените ѓаволи“ потрошил 80.000 фунти за да купи „Mercedes-AMG C63 Coupe“. Инаку, некои детали во автомобилот биле изработени според желбите на Лингард, што значи дека има фудбалерот поседува автомобил.
Покрај овој автомобил, Лингард решил да потроши 120.000 фунти за „Range Rover Sport SVR“. Според Британците овој автомобил бил многу популарен кај фудбалерите.
За последните два автомобили Лингард потрошил речиси 400.000 фунти.
За сума од 180.000 фунти, Лингард купил „Bentley Bentayge“. И во овој автомобил имало некои детали што биле изработени според негова желба. Забележливо е дека логото е во црвена боја.
Омиленото возило на Лингард е „Bentley Continental GT“. И на овој автомобил логото е црвено, а за омилениот автомобил фудбалерот платил 200.000 фунти.