Кристијан Ериксен во јануари ќе го напушти Интер, тврдат италијанските медуми. Данецот не успеа да му се наметне на тренерот Антонио Конте, откако пред една година пристигна од Тотенхем.
Ериксен доби шанса од Конте во саботата против Парма, меѓутоа беше заменет во 58 минута. Неговото лошо додавање ја отвори акцијата на Парма, а Жервињо погоди за во тој момент 0:2.
Нетрпеливоста на релацијата Ериксен-Конте, ја зголемува и самиот фудбалер јавно го искажува своето незадоволство од статусот што го има.
Минатиот јануари Интер платија 20.000.000 за Ериксен, тој потопиша договор до јуни 2024 година. Данецот има годишна плата од 9.000.000 евра.
Интер и Конте нема да се протиат на неговото заминување, но само под услов некој да го откупи неговиот договор.
Како најсериозен кандидат за потписот на Ериксен се спеоменува тимот на ПСЖ.