Кога решил да го купи фудбалскиот клуб Челси Роман Абрамович побарал помош од Свен Горан Ериксен, поранешниот селектор на англиската репрезентација.
Абрамович за сума од 140 милиони фунти стана сопственик на Челси во 2003 година. Со вложувањата Русинот го направи Челси еден од најмоќните клубови во Англија и Европа.
„Асистентот на Абрамович неговата „десна рака“ му се јави и ми кажа дека Роман сака да купи клуб во Лондон. Тотенхем или Челси? Го прашав што сака, а тој ми одговори дека Абрамович сака да победува. Тогаш му реков дека треба да го купи Челси бидејќи ќе мора да смени половина од тимот. Да го купеше Тотенхем ќе мораше да го смени целиот тим“, рекол Ериксен.
Швеѓанецот во кариерата бил селектор на Англија, Мексико и Брегот на Слоновата коска, а работел и во Бенфика, Рома, Сампдорија, Фиорентина, Лацио, Манчестер сити, Лестер…