Top Sport

Ериксен не би можел да каже не на Барселона

Данскиот печат тврди дека асот на Тотенхем, Кристијан Ериксен е многу блиску до трансфер во Барселона и покрај тоа што има договор со клубот од Лондон до 2020 година.

„Секогаш има шпекулации околу фудбалерите и јас сум еден од нив. Барса е голем клуб и мислам дека нема многу фудбалери кои би кажале не на Барса“, изјавил Ериксен за данскиот весник „Екстра бладет“.

Тотенхем се надеваат дека до крајот на сезоната ќе го освојат ФА купот пред преселбата на новиот супер-модерен стадион, со што ќе ги убедат главните ѕвезди да останат во клубот. Сепак, агентот Бајрам Тутумлу вели дека сака брз трансфер, иако тој не е негов официјален агент, туку тоа е Мартин Шотс. Тумутлу вели дека разговарал со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.

„Веќе му кажав дека го сакаат големите клубови, а претседателот на Барселона, Јосеп Бартомеу изјави дека тој ќе е следниот голем играч од Данска по Михаел Лаудруп. Му го кажав тоа и на Кристијан. Неговиот агент Мартин Шотс го уништува. Ако сака да оди во голем клуб, јас ќе му го обезбедам тоа“, изјави Тутумлу.

Фото: ЕПА

Scroll to Top