Top Sport

Ериксен: Не е вистина дека сакав да избегам од Интер

Данскиот фудбалер на Интер, Кристијан Ериксен вели дека не се обидувал да „избега“ од клубот кога се мачеше со малку минути под Антонио Конте, и признава дека голот од слободен удар против Милан му помогнал да се „рехабилитира“ кај тренерот и фановите.

29-годишниот Данец беше пред заминување од „Сан Сиро“ во јануарскиот преоден рок откако не усепа да добие место во првиот тим, но 2021 година е „негова“ со пет настапи во кои помогна „нераѕурите“ да стигнат до 8 победи во низа.

„Ова беше најтешката и најисцрпувачката сезона во мојата кариера. Како да одеше нагоре и надолу постојано, но мислам дека сега се опоравив. Не сакав да избегам од Интер, туку да се борам за местото. Така беше од почеток. Бев сигурен дека кога ќе дојде мојата шанса ќе ја искористам. Да, ментално беше тешко, бидејќи дојдов во Интер да играм фудбал и кога тоа не ми беше дадено нервозата растеше. Надвор од теренот беше фантастично. Милано е прекрасен град и семејството е добро. Само на теренот нешто фалеше. Мислам дека среќниот гол во Копа Италија против Милан означи нов почеток. Почнаа да ме гледаат со поинакви очи и станував подобар со секој следен натпревар“, вели Ериксен за данската „ТВ2 спорт“.

Scroll to Top