Кристијан Ериксен веројатно ќе го напупти Интер во јануарскиот преоден рок. Данецот, минатата зима, од Тотенхем се пресели на „Џузепе Меаца“, меѓутоа не успеа да го увери тренерот Антонио Конте дека местото му е во стартниот тим.
„Ова не е она за што сонував“, им изјавил Ериксен на данските медиуми.
„Сите сакаат да играат, на крајот тренерот е тој кој носи одлука кој ќе биде на теренот. Ситуацијата е чудна. Навивачите сакаат да играм, но тренерот не го дели нивното мислење. Морам да го почитувам тоа. Се концентрирам на мојата игра. Ќе видиме што ќе донесе преодниот рок“.
Ериксен сезоната одиграл седум натпревари во Серија А и Лигата на шампионите.