Кристијан Ериксен повторно игра фудбал. Данецот го одигра првиот официјален натпревар откако колабираше на натпреварот со Финска на Европското првенство.
Ериксен, откако го раскина договорот со Интер, се пресели во Бретнфорд. Попладнево тој дебитираше за овој клуб, откако претходно два пати настапи на контролни натпревари.
Ериксен во 52.минута, на натпреварот со Њукасл, го замени на теренот сонардникот Јенсен.
Поранешниот фудбалер на Ајакс, Тотенхем и Интер, паузираше од фудбалот 259 дена.
„Ако го исклучиме резултатот, јас сум среќен човек. Со оглед на тоа низ што се поминав, ова е фантастично чувство. Брентфорд добро се грижи за мене“, рекол Ериксен.
„Сите се тука, моето семејство, родителите, децата, но и неколку доктори кои работат со мене. Она низ што тие поминаа е потешко од она низ што поминав јас“.
Брентфорд загубија од Њукасл со 0:2. Останаа со играч помалку во 13.минута, а до крајот на полувремето Жоелингтон и Вилок го решија победникот.