Top Sport

Ериксен се враќа во Тотенхем, Али заминува за ПСЖ?

Престојот на Кристијан Ериксен во Интер може да заврши по една несреќна година, и тој да се врати во Тотенхем, додека Жозе Мурињо ќе дозволи Деле Али да се „обедини“ со Маурисио Почетино во Пари Сен-Жермен, тврди „Ла газета дело спорт“.

Ериксен веднаш дозна дека е непожелен кај тренерот Антонио Конте, а неодамна неколку пати директорот Бепе Марота потврди дека Данецот е на продажба во јануари. Според „Газета“, иако работеа заедно, Маурисио Почетино го преферира Деле Али наместо Ериксен, така што реална опција е тој да се врати во Тотенхем, доколку Жозе Мурињо даде зелено светло.

Колку што има проблеми Ериксен со Конте, толку има Али со Мурињо, кој неодамна јавно го нападна англискиот репрезентативец за неговата слаба форма. Интер платија 27 милиони евра за Ериксен во јануари 2020, кога тој имаше само 5 месеци од договорот со Тотенхем.

Sword Art Online Alicization War of Underworld Episode 12 at GoGoAnime gogoanime kissanime

Redo of Healer (https://animeheaven.pro/m/lYKB) Episode 1 at website https://animeheaven.pro anime heaven website

Scroll to Top