Кристијан Ериксен по се изгледа најде решение за својата кариера. Данецот поради проблеми со срцето, не може да игра во Италија, но може во Холандија. Желбата на Ериксен е да се врати во својот поранешен кллуб Ајакс.
Ериксен, преживеа срцев удар на ЕУРО 2020 година, на натпреварот со Финска. Успеа да се опорави, тој последните два месеци редовно тренира во Интер. Здравствените протоколи во Серија А не им дозволуваат на играчи со срцеви проблеми да играат натпревари.
За разлика од Италија, во Холандија нема такви пречки. Дејли Блинд, кој во минатото имаше проблеми со срцето, непречено игра во Ајакс.
Интер мора да го продаде Данецот и тоа ќе се случи во зимскиот преоден рок. Ајакс биле отворени за соработка со Ериксен. Останува клубовите да се договорат околу обесштетувањето.
Интер со заминувањето на Ериксен ќе заштеди 7,5 милиони евра, колку што изнесува годишната плата на фудбалерот.