Top Sport

Ериксен за „конфликтот“ со Конте: Среќен сум што го избрав Интер

Данскиот ас на Интер, Кристијан Ериксен вели дека е среќен со својот избор да направи трансфер во Милано и покрај шпекулациите дека не е „пожелен“ од тренерот Антониот Конте и призна дека живее во нова реалност на „граница на клупата“.

„Се одморив неколку дена, но сега сум со данската репрезентација и немам многу информации од Интер. Се надевам дека новата сезона сите ќе ја почнеме од иста стартна позиција и ќе видиме што размислува тренерот“, вели Ериксен за „ДР спортен“.

Ериксен беше навикнат да биде редовен првотимец во Тотенхем и признава дека е чудно да биде на „граница на клупата“ во Интер.

„Секогаш бев стартер, а сега сум во нова ситуација. Морам да работам напорно и да видам дали сум згрешили или не. Среќен сум со изборот да дојдам во Интер, и останува така“, додава Ериксен.

Scroll to Top