Top Sport

Ерменците дисквалификуваа пет клуба, 45 луѓе доживото суспендираа

Фудбалскиот сојуз на Ерменија дисквалификуваше пет тима и ги суспендираше натпреварите во Втората лига.

„Одлуката ја донесовме откако откако ФИФА доби цврсти докази од меѓународните организации и агенциите за спроведување на законите“, порачал претседателот на Сојузот Армен Меликбекјан.

Доживотна забрана од фудбалот добиле 45 лица меѓу кои се сопственици на тимовите, тренери и фудбалери.

Според локалните медиуми сопствениците на клубовите имале руски пасоши, а меѓу фудбалерите и тренерите кои се суспендирани има државјани на Русија, Украина, Белорусија и Латвија.

Фудбалскиот сојуз на Ерменија ги дисквалификува од првенството фудбалските клубови Локомотива Ереван, Ван, Арагатс, Торпедо и Масиси. Причина се сомнителните резултати на натпреварите 12:0, 0:12, 1:8, 9:2, 0:7, 8:0 и 8:2.

Scroll to Top