Top Sport

Ернан Креспо седнува на клупата на Осиек?

Хрватските медиуми, срамежливо посочуваат дека следен тренер на прволигашот Осиек може да биде едно славно име од фудбалската историја – легендарниот аргентински напаѓач Ернан Креспо.

Шпекулациите доаѓаат по заминувањето на Дино Скендер од клупата на Осиек, а први беа поврзувани досегашниот тренер на Риека, Игор Бишќан, но и поранешниот албански селектор, Италијанецот Кристијан Панучи.

Сега, пак, поранешниот фудбалер на на Парма, Интер, Милан и Челси, Ернан Креспо, се споменува како најсериозен кандидат за клупата на амбициозниот хрватски тим. Останува да се види дали се работи само за желба или за избор кој е изводлив.

Scroll to Top