Top Sport

Ернан Креспо стана тренер на Банфилд (видео)

Легендата на аргентинскиот фудбал и директор на Парма, Ернан Креспо има нова работа – тој е именуван за тренер на аргентинскиот клуб Банфилд. Оваа вест ја откри потпретседателот на Банфилд, Оскар Тукер.

„Ернан ни го претстави својот фудбалски план, дојдовме до усна согласност и во следните неколку дена тој ќе дојде во Буенос Аирес. Се надеваме дека ќе го потпишеме договорот пред Божиќ. Тој ќе добие договор од година и пол“, вели Тукер.

Поранешниот напаѓач поголемиот дел од својата фудбалска кариера ја помина во Италија, играјќи во Парма, Лацио, Милан, Интер и Џенова, пред да се пензионира во 2012 година.

Тој има лимитирано тренерско искуство – беше тренер на У-19 тимот на Парма во 2014/15, по што од јули 2015 до март 2016 работеше како тренер на второлигашот Модена, кој го отпушти по 11 победи, 5 ремија и 19 порази.

Тој неодамна стана еден од директорите на Парма, и помогна при враќањето на клубот во Серија А откако „Дукали“ банкротираа.

Scroll to Top