Top Sport

Ешли Јанг: Ја обожавам секоја минута во Италија!

Ешли Јанг инсистира дека 4:2 победата на неговиот Интер над Милан во италијанското дерби е еден од најдобрите моменти во кариерата и инсистира дека воопшто не жали што заминал од Манчестер јунајтед.

Интер во драматично дерби се врати од 0:2 негатива на полувреме за 4:2 победа над Милан за да се искачи на првото место на табелата. Јанг, кој дојде на „Сан Сиро“ за 1.75 милиони фунти од „Олд Трафорд“ вели дека искуството било неверојатно.

„Неверојатно чувство. Можевте да забележите од начинот на кој славевме по натпреварот дека имаме карактер и сила. Да губиш со 0:2 во вакво дерби и да се вратиш, тоа не го може секој. Искуството беше неверојатно. Ова дефинитивно е меѓу најдобрите моменти во кариерата. Дојдов тука да играм и да победувам“, вели 34-годишниот ветеран.

Тој додава дека ужива во Италија и дека е подготвен да биде постојан во тимот.

„Не, воопшто не ми е чудно. Сакав нов предизвик и добив нов предизвик и ја обожавам секоја минута. Презадоволен сум што вчера заработивме нови три поени“, додаде Англичанецот.

Scroll to Top