Top Sport

Ешли Јанг се заљубил во Италија, сака да остане во Интер

Ешли Јанг вели дека има желба да го продолжи престојот во Интер и следната сезона, додавајќи дека се „заљубил“ во Италија.

Јанг комплетираше 1.5 милиони евра трансфер од Манчестер јунајтед во Интер во јануари, но потпиша само шестмесечен договор со италијанскиот клуб по осум и пол години на „Олд Трафорд“. 34-годишниот ветеран одигра шест меча за Интер и постигна еден гол, но сега тука е несигурноста околу продолжувањето на сезоната 2019/20.

„Секако дека би сакал да останам. Ја сакам Италија, Милано, односот на навивачите. Сакам да останам и да победувам. Полека го учам јазикот, а забележувам дека луѓето се многу страствени. Кога го зборуваш италијанскиот, всушност врескаш“, вели Јанг во интервју за „Кориере дела сера“.

Тој открива дека клучен човек за трансферот бил тренерот Антонио Конте, човек со победнички менталитет.

„Кога ми се јави Конте, веднаш ја почувствував неговата страст. Тоа беше одлична шанса и ја искористив. Тој има победнички менталитет и никогаш не се предава“, вели Јанг.

Scroll to Top