Top Sport

Еспањол практички е веќе во втората лига (видео)

Еспањол успеа да го загуби и „дербито“ на дното на шпанската Ла лига, губејќи дома со 0:1 од Леганес уништувајќи ги речиси сите шанси да успее да опстане во елитата.

Со овој пораз, клубот од Барселона останува закован на дното на Ла лига со 24 поени, четири помалку од Леганес на претпоследното место на табелата и девет поени од безбедната зона на само пет кола пред крајот и 15 можни поени за освојување.

Клубот кој смени двајца тренери оваа сезона го прими единствениот гол на мечот во 53. минута, кога Џонатан Силва успеа да избегне офсајд стапица и го совлада голманот Диего Лопез.

Scroll to Top