Еспањол стигна до минимална 1:0 победа над Леганес во вториот меч од 18. коло во Ла лига, откако Борха Иглесиас уште во деветтата минута го постигна победничкиот гол за клубот од Барселона.
Претходно, Леванте двапати се враќаше од негатива за да одигра 2:2 реми со тимот на Џирона во дуел на двете екипи од средината на табелата. Порту донесе водство за гостите во 31. минута, за во 58. минута Моралес да израмни на 1:1. Леванте остана со играч помалку по директниот црвен картон на Постиго, а гостите повторно поведоа во 72. минута преку Гарсија.
Во 86. миинута, Коке успеа да донесе израмнување и поен за Леванте. Македонскиот репрезентативец, Енис Барди го одигра цел меч за Леванте.
Фото: ЕПА