Еспањол и Леванте освоија по еден бод откако одиграа 0:0 во воведниот натпревар од осмото коло, во Примера. Македонскиот репрезентативец Енис Барди за гостинскиот тим ги одигра последните 11 минути од натпреварот.
Леванте на гостувањето во Барселона, кај Еспањол, ја прекина мини серијата од два порази (Бетис и Алавес) откако успеа да одигра натпревар без голови. Сепак тимот чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Барди и на третиот меч во низа не успеа да постигне гол.
Леванте во првите пет кола постигна осум голови, а потоа загуби без да постигне гол од Бетис (4:0) и Алавес (2:0).
Еспањол во текот на целиот натпревар беше поактивен на теренот имаше неколку одлични можности за постигнување на гол од кои најдобрата ја пропушти Лео Баптистао кога во второто полувреме не успеа да го погоди празниот гол.
Исто така, главниот судија Маљенхо на асистенција на првиот помошник му поништи гол на домаќинот во 80 минута. Впечатокот е дека голот на Џерард Морено беше регуларен.
Енис Барди кој во игра влезе во завршницата имаше еден одид од 20 метри, но неговиот удар заврши крај голот на Еспањол.
По осум кола Леванте има 10 бода, а Еспањол еден помалку. Во наредната рунда Леванте ќе го пречека Хетафе, а Еспањол ќе гостува кај Реал Сосиедад. н.ц.