Top Sport

ЕСПН: Играчите не сакаат да продолжи Премиерлигата

Голем број на фудбалери во Премиерлигата не сакале сезоната да продолжи сѐ додека ситуацијата со коронавирусот не биде ставена под контрола. ЕСПН пишува дека ова претставува голем удар за напорите на Фудбалската асоцијација (ФА) лигата да продолжи во наредните недели.

Сезоната во Англија е прекината на 13 март. На табелата води Ливерпул со предност од 25 поени во однос на Манчестер сити.

„Голем број на фудбалери чувствуваат страв поради можноста сезоната да продолжи“, изјавил за ЕСПН неименуван челник на Премиерлигата.

Фудбалерите не сакале да играат додека се применуваат мерките за заштита пропишани од владата. Една д мерките е и социјалното дистанцирање. Тоа била причината што многу фудбалери не ги користат условите што им ги нудат клубовите кое полека започуваат со тренинзите.

Арснеал е првиот клуб чии играчи започнаа со тренинзи.

За разлика од Серија А, Бундеслигата и Ла Лига Премиер лигата се уште нема датум кога играчите би требало да им се вратат на тренинзите.

Scroll to Top