Top Sport

ЕСПН: Погба како слободен играч ќе замине од Манчестер јунајтед

Новинарот на ЕСПН, Марк Огден, тврди дека Манчестер јунајтед биле свесни дека Пол Погба (28), ќе го напушти клубот без обесштетување.

Погба не сака да го продолжи договорот, кој истекува на 30.јуни наредната година. Тој од 1.јануари, може да ги започне преговорите со заинтересираните клубови.

Францускиот репрезентативец не е задоволен од ситуацијата во клубот, реално е да замине, бидејќи го поврзуваат со други клубови.

Манчестер јунајтед трансферот на Погба од Јувентус го плати 105 милиони евра. Претходно дозволи тој како слободен играч во 2012 година да се пресели во Јувентус.

Според „Трансфермаркт“, Погба на фудбалскиот пазар вреди 60 милиони евра.

Интерес за него покажуваат ПСЖ, Реал и Јувентус.

Scroll to Top