Top Sport

Естеглал го доби дербито на Техеран (видео+галерија)

Естеглал го победи Персеполис со 1:0 во 86. издание на дербито на Техеран, фудбалскиот натпревар за кој живее цел Иран, за да ги задржи малите шанси за титулата.

Вурија Гафури го постигна единствениот гол пред полувремето со помош на двете стативи, за Естелгал да слави на преполниот стадион „Азади“.

Персеполис со победа во дербито математички ќе ја обезбедеше титулата од Про лигата, но „црвените“ немаа шанси во мечот на кој посебни гости беа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и Марко ван Бастен. Сега, следува паузата во иранскиот шампионат, по што Персеполис може да стане шампион со победа над Саипа на 29 март.

    

Scroll to Top