Top Sport

Ето: Барса треба да го сменат името ако Меси си замине

Бурното лето за Барселона кулминираше со кризниот состанок на првите луѓе на клубот денеска, на кој се очекува да се донесе одлука за смена на тренерот, но и други одлуки за иднината на клубот, во која несигурно е дури и местото на Лионел Меси, кој наводно сака да замине од клубот.

Поранешниот голгетер на клубот, Самуел Ето вели дека Меси не носи вина за ситуацијата во која се наоѓа каталонскиот гигант и посочува дека сите во клубот треба прво да го обезбедат неговиот потпис.

„Има неопходна потреба да се осигура Меси да ја заврши кариерата во Барселона. Се надевам дека тие кои ги носат одлуките знаат што е најдобро за Барселона. Го сакам Лео како да ми е син. Секогаш го сакам најдоброто за Меси, но овој клуб е Меси. Ако си замине, тогаш треба да најдеме друго име за клубот“, вели Ето.

Scroll to Top