Top Sport

Ето има големо срце – вети помош за екскапитенот Овона, кој стана бездомник

Легендата на африканскиот фудбал, Самуел Ето вети дека ќе направи сѐ што е потребно да му помогне на поранешниот капитен на камерунската репрезентација, Норберт Овона, кој во новиот документарен филм откри дека е бездомник.

Овона живее на улиците на најголемиот град во Камерун, Дуала, и во документарниот филм открива дека „живее како животно“. Тој бил примен во болница со хернија, и сега открива дека Ето го посетил и донирал за покривање на медицинските сметки, и ветил дека ќе му помогне.

Ето неодамна потпиша договор со катарскиот клуб Катар СЦ.

„Ето е многу добар човек, многу добар. Јас останав без дом и без храна и тој дојде ме посети и ми кажа дека ќе ми помогне да најдам куќа“, изјави 67-годишниот Овона.

Scroll to Top