Легендата на Барселона, Самуел Ето, ја коментирал актуелната ситуација во неговиот поранешен клуб. Најмногу време го анализирал односот помеѓу тренерот Роналд Куман и претседателот, Џоан Лапорта.
„Убеден сум дека Лапорта има план. Немојте да се откажете, тој е многу паметен. Имав привилегија да ми биде пријател и брат“, рекол Ето.
Камерунецот ја коментирал и одлуката на тренерот Куман, вчера да не одржи прес-конференција. Пред мечот со Кадиз (вечерва 22 часот), Куман се појави на прес-конференцијата, прочита соопштение и потоа ја напушти салата.
„Имам разбирање за него. Погледнете само колкупати јас сум напуштил прес-конференција. Двапати викав толку многу, поради што пријателите ме прашуваа дали сум луд“ – вели тој.