Самуел Ето верува дека Килијан Мбапе е „природниот наследник“ на Лионел Меси и Кристијано Роналдо како „фудбалски Бог“, откако овие двајца доминираа со фудбалот во последнтие деценија и пол.
Камерунецот, кој беше соиграч на Меси на „Ноу Камп“ вели дека 22-годишниот Мбапе и покрај критиките кои ги добива го има светот пред себе.
„Кристијано е друг фудбалси Бог. Заедно со Меси, тоа се двајцата фудбалери кои го одбележаа модерниот фудбал. Но, доаѓа уште еден Бог кога Меси и Кристијано ќе се изморат. Тоа ќе биде Килијан Мбапе“, вели Ето за весникот „Насион“.
Тој верува дека Меси ќе остане на „Ноу Камп“ и покрај желбата да замине од клубот минатата сезона.
„Не можам да го замислам Лео со друг дрес. Тоа е негов клуб, негов дом, негова љубов. Не се работи за парите – Лео е Барселона и Барселона е Лео. Знам дека ќе му подготват нов проект во Каталонија“, додава Ето.