Поранешниот напаѓач на Барселона и Интер, Камеруецот Самуел Ето, пристигна во екипата на Коњаспор, потврди клубот.
Ето во кариерата настапувал уште и за Реал Мадрид, Мајорка, Анжи од Махачкала, Челси, Евертон, Сампдорија и Анталија, со најуспешните години ги имаше во Барселона и Интер екипи со кои ја освои Лигата на шампионите.
Искусниот Камерунец ќе го предводи нападот заедно со поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ кој пред неколку дена ја засили Коњаспор од редовите на Гезтепе.
?Samuel Stormborn of the House Eto'o
?First of His Name
?The Unburnt
?King of the Forwards
⛓Breaker of Chains
?Father of Eagles pic.twitter.com/4aWXrRu5zQ— Atiker Konyaspor (@konyaspor) January 31, 2018
Македонско-камерунската комбинација треба да му помогне на тимот да избори опстанок во турската Суперлига.
Коњаспор по 1 натпревари во првенството се наоѓа на претпоследното место на табелата со 16 бодови.
Македонецот веднаш по пристигнувањето на Камерунецот имал можност да се запознае соновиот соиграч, а потоа објавил и фотографија на социјланите мрежи.