Трикратниот освојувач на Лигата на шампионите, Самуел Ето има совет за бразилската суперѕвезда на Пари Сен-Жермен, Нејмар велејќи дека ако сака да биде на врвот мора да работи исто толку како Единсон Кавани и Килијан Мбапе.
Минатата недела, Бразилецот беше под критики по 3:2 поразот од Ливерпул, и иако помогна во текот на викендот ПСЖ да стигнат до 3:1 победа над Рен, Ето вели дека мора да има повеќе од 26-годишниот Бразилец.
„Сакам да го видиме Нејмар како трча во одбраната и помага на својот тим. Кавани го прави тоа, но не убаво само еден кога го прави тоа. Мбапе го учи тоа, така што клучниот човек е Нејмар. Ако тој го крене нивото, целиот тим ќе биде посилен“, вели Ето за „Канал плус“.
Ето, кој освои две титули од ЛШ со Барселона и една со Интер, вели дека ПСЖ може да доминира во Европа.
„Во ПСЖ мораат да играат како тим. Ако сите се во одбрана, тогаш ќе имаат шанси а победа. Франција ја освои титулата од Светското првенство поради добрата одбрана“, додава Ето.
Фото: ЕПА