Контроверзниот тренер, Марсело Бијелса во светот на фудбалот познат по прекарот „Лудак“, успеа да го врати Лидс Јунајтед во Премиер лигата. Славниот клуб меѓу елитата се враќа по пауза од 16 години.
Менторот на Пеп Гвардиола е најзаслужен за подемот на Лидс Јунајтед, поради тоа откако клубот и теоретски ја обезбеди промоцијата во Премиер лигата пред домот на Аргентинецот се собрале голем број на навивачи.
Без оглед на тоа што ќе направи во Премиер лигата, Бијелса, засекогаш ќе има статус на божество во Лидс.
Навивачите биле воодушевени кога тој излегол да ги поздрави, а во делириум паднале кога кога со кренат прст рекол дека тој не е Бог, како реакција на изјавата на еден навивач дека „Бијелса е Бог“.
Бијелса им отпоздравувал на фановите со „Ви Благодарам“, а неколку пати им се извинил бидејќи ова се едниствените зборови што знае да ги изговори на англиски.
Hero #lufc pic.twitter.com/PYZQFZEwpq
— Gareth Boyes (@Gareth_Boyes) July 17, 2020