Top Sport

ЕУРО 2020: УЕФА ги одреди „шеширите“, речиси е формирана една група

Завршија квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Познати се имињата на 20 селекции кои низ квалификацискиот циклус изборија пласман на првенството, а исто така се познати и се познати и имињата на 16 репрезентации кои низ баражот ќе се борат за преостанатите четири места.

Европското првенство ќе се одржи од 12 јуни до 12 јули наредната година, а ќе се игра во 12 градови низ Европа.

Ждрепката за групите ќе се одржи на 30 ноември во Букурешт, а сите детали околу извлекувањето на групите и баражите ќе бидат објавени в петок на 22 ноември.

Интересно е што веќе се познати три репрезентации што ќе настапуваат во Б-групата, тоа се Белгија, Русија и Данска. Во Ц-групата ќе бидат Украина и Холандија, додека носители во групите А, Д, Е и Ф ќе бидат Италија, Англија, Шпанија и Германија.

Кога станува збор за баражите една од репрезентациите што ќе се обиде преку дополнителните квалификации да избори пласман е и Македонија. Избраниците на Игро Ангеловски за противник во полу-финалето во Д-групата во Лигата на нации го добија Косово, а доколку победата на тој натпревар за пласман на ЕУРО 2020 ќе се борат против победникот од натпреварот помеѓу Грузија и Белорусија.

УЕФА објави како ќе изгледаат „шеширите“ на ждрепката во Букурешт:

„Шешир“ 1: Италија, Англија, Белгија, Шпанија, Украина, Германија
„Шешир“ 2: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Русија, Холандија
„Шешир“ 3: Португалија, Турција, Данска, Австрија, Чешка, Шведска
„Шешир“ 4: Финска, Велс и четирите репрезентации што ќе изборат пласман преку баражите во Лигата на нации

Scroll to Top