Top Sport

ЕУРО У-21: Австрија извлече реми со Германија, Србите со трет пораз (видео)

Германија остана непоразена во својата група на Европското првенство за фудбалери под 21 година во Италија, откако во интересен меч одиграа 1:1 со Австрија, резултат кој ги носи на првото место на табелата. Данска, пак, со 2:0 ја совлада Србија и ги прати фаворизираните „орли“ дома со три порази во три меча.

„Маншафт“ дојде до водство со фантастичниот гол на Џан-Лука Валдшмит во 14. минута од повеќе од 30 метри, но Австријците израмнија со гол од пенал во 22. минута, кој сигурно го реализираше Кевин Дансо.

Данска пак, со головите на Брун Ларсен во 21. минута и Јакоб Расмусен во 47. минута стигна до победа над Србија за второ место на табелата, со кое најверојатно одат понатаму.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО У-21, ГРУПА Б

Австрија – Германија 1:1

Данска – Србија 2:0

Табела: 1.Германија 7, 2.Данска 6, 3.Австрија 4, 4.Србија 0

Scroll to Top