Top Sport

ЕУРО У-21: Романија ја елиминираше Англија во меч со шест гола во последните 15 минути (видео)

Романската младинска репрезентација покажа дека има генерација која може да направи големи работи, откако во импресивен меч со 4:2 ја совладаа Англија за втора победа во групата Ц  во меч во кој сите голови се дадоа во последните 15 минути.

Напаѓачот на Палермо, Георге Пушкаш ги донесе Романците во водство во 76. минута со гол од пенал, но Англичаните израмнија преку преку Демарај Грин (Лестер) само три минути подоцна. Синот на легендата Георге Хаџи, Јанис во 85. минута пак донесе водство на Романците, но Англичаните повторно израмнија преку Теми Абрахам (Челси) во 87. минута.

Човек на одлука беше напаѓачот на Стеауа, Флоринел Коман, кој успеа да постигне два гола и да ги елиминира Англичаните, кои во првиот меч загубија со 2:1 од Франција. Романците во првиот меч со убедливи 4:1 ги победија младите Хрвати.

Scroll to Top