Top Sport

„Еуроспорт“ пренесува – Манџукиќ се сели во Милан!

Поранешниот хрватски фудбалски репрезентатвец, Марио Манџукиќ според најновите вести е пред враќање во Италија, но не во дресот на неговиот поранешен клуб, Јувентус.

Како што пренесува „Еуроспорт“, прва желба на Милан била позајмица на Лука Јовиќ од Реал Мадрид, па откако Србинот се врати во Ајнтрахт Франкфурт, Паоло Малдини тргнал по Манџукиќ. Информациите се дека спортскиот оперативец на „Росонерите“ не сака пред продолжението на сезоната во Серија А целиот товар во нападот да е врз грбот на Златан Ибрахимовиќ и Рафаел Леао.

По 17 меча Милан е лидер на табелата со 40 бода и само еден пораз. Зад него е Интер со 37, Рома со 34, па Јувентус со 33 бода.

Италијанските медиуми неодамна пишуваа дека можно е Манџукиќ да се врати во Јуве, но од тоа најверојатно нема ништо.

Неофицијалните информации се дека Хрватот прифатил договор вреден 2 милиони евра со можност за продолжување од 1 година.

Scroll to Top