Top Sport

Еве зошто Џердан Шаќири има „ѕверски“ мускули на нозете (видео)

Многумина досега забележале дека напаѓачот на Ливерпул, Џердан Шаќири има апсолутно гигантски мускули на нозете, кои раснат како што раснат клубовите – Базел, Баерн, Милан, Ливерпул, и сега е делумно јасно зошто е така.

Иако се работи за видео старо три години, на снимката на која работи со својот колега од швајцарската репрезентација Ерен Дердијок на мускулите на нозете е јасно колку напор е вложено во тие мускули. Дури боли да се гледа.

Шаќири во последно време е во фантастична форма, постигнувајќи два гола за победа во дербито со Манчестер јунајтед.

Scroll to Top